Дали сте знаеле? Хорор филмови гледаат само психички јаки лица

Љубителите на хорор филмови подобро се справуваат со стресни ситуации и тоа ги прави поотпорни, покажа најновото истражување во Америка.

  • „Кога се случуваат лоши работи во светот или околината, некои луѓе имаат одбранбен механизам и подобро ги толерираат тие ситуации. Причината за тоа е често гледањето хорор филмови, бидејќи кога се случуваат страшни ситуации, многумина утеха наоѓаат во седење покрај малите екрани и гледање нешто уште пострашно“ – вели Колтан Скривнер, главниот автор на студијата спроведена на Универзитетот во Чикаго.

Авторите на студијата истакнуваат дека луѓето кои го гледаат овој жанр се поспремни да се соочат со негативни емоции, катастрофи, лоши и трагични животни ситуации.

Всушност, гледајќи хорор филмови, публиката вежба за стресни ситуации и со тоа подобро ги толерира.