Дали Телеком е следен на продажба? – Битиќи вели можно е, ако не произведува додадена вредност

Дали Телеком ќе биде следен на продажба?  По  најавите  за серијата продажби на Јавни претпријатија кои според Владата не се доходовни, информацијата за продажбата на Телеком  веќе извесен период струи во јавноста. Од Македонски Телеком засега молк. Но, од Владата веќе не негираат. Ова ќе биде опција, но доколку  се покаже дека сегашниот модел не произведува додадена вредност за државата,   истакна  вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќ,  во неодамнешното издание на Клик  плус на ТВ 21.

„Ако тоа го увидиме. Ние се уште немаме официјална понуда  за тоа. Знам дека има одредени шпекулации, но само ако моделот  кој што ќе се понуди, а притоа ќе има додадена вредност не само на приходната страна“, посочи Фатмир Битиќи.

Според Битиќи, целта не е да се пронајде државен приход само на една година. Јас не размислувам  за 1 година, размислувам за подолг период вели вицепремиерот.

„Ние ги решаваме проблемите затоа што од расходната страна ни одземаат средства на  подолг временски период . И сакаме да најдеме модели кои што на приходната страна ќе обезбедат приходи во подолг временски период  затоа што така се решаваат проблемите системски во една држава“, истакна Фатмир Битиќи.

Државата може да го продаде својот дел во оваа компанија вели поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, но порачува оти при таква одлука мора да биде прецизирано која е целта која сака да ја постигне.

„Средствата кои би се добиле од продажбата би оделе за отплата на дел од долговите кои ги има државата…. Да се види дали во овој момент треба да се врши продажба на тој преостанат дел кој го има државата …Најчесто во услови на криза не се продаваат средства. Треба да се почекаат подобри времиња па понатаму да се размислува евентуално за продажба, заради тоа што вредноста што може да се добие  сигурно би била поголема доколку се нормални околностите“, вели Кирил Миновски.

Инаку парите од продажбата на државниот дел  од Телеком кој изнесува 34,8 отсто според неофицијалните информации би се употребиле за пополнување на буџетските дупки и ублажување на финансиските последици од коронакризата. Според економистите сумата од околу  300 милиони евра колку што државата би добила од продажбата на удделот во  Телеком  е мала и Владата со овие пари би покрила само мал дел од своите потреби. Тоа според познавачите, ќе  значи само крпење а не и санирање на Буџетските дупки.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното