Македонија

Дали треба да се промени моделот на настава поради коронавирусот? – МЗ вели нема потреба

Во предучилишната и училишната возраст најмал е бројот на зазарени споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9 отсто во државата се ковид позитивни, се вели во соопштението на МЗ.

За 40 проценти е намелена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август, покажува последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје, информираат од Министерството за здравство.

Дистрибуцијата по градови е следна: во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшкослка возраст; во Куманово, има пет заразени основци, осум средношколци, 18 од академската популација и три деца во претшколска возраст; во Штип две деца од претшколска возраст се ковид позитивни, пет основци, осум средношколци и три од академската популација. По две заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен, и едно е заразено во Прилеп. Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по пет ученици, шест има во Струмица и Кавадарци, а осум во Прилеп. Средношколци позитивни на ковид има три во Велес, седум во Кавадарци, четири во Прилеп и две во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се шест во Велес, по двајца во Кавадарци и Прилеп и по тројца во Струмица и Ресен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни