Магазин

Дали вештачката интелигенција веќе може да ги замени висококвалификуваните работници?

Дали вештачката интелигенција веќе може да ги замени висококвалификуваните работници?

Дали вештачката интелигенција (AI) веќе може барем делумно да ги замени луѓето, па дури и висококвалификуваните работници? Значителен дел од германските менаџери верува дека тоа е можно, соопшти економскиот институт Ifo, повикувајќи се на сопствено истражување.

Според изворот DPA, речиси петина од околу 3.000 домашни компании опфатени со истражувањето оцениле дека неквалификуваните работници, со помош на AI, лесно или многу лесно можат да ја извршуваат работата која сега ја работат лица со високо или факултетско образование.

Понатаму, 15 отсто од компаниите сметаат дека и искусни работници на одредени позиции можат да бидат заменети од почетници со помош на вештачка интелигенција.

„AI го менува светот на работата и веќе на некои работни места делумно може да ги замени формално квалификуваните и искусните луѓе“, изјави соработничката на минхенскиот институт Ана Руферт (Anna Ruffert).

Ifo анкетирал исклучиво компании кои веќе користат вештачка интелигенција. По сектори, најголем удел на фирми што ја применуваат AI е во трговијата, со 28,6 отсто.

Сепак, поголемиот дел од германските компании сè уште сметаат дека е тешко или невозможно вештачката интелигенција целосно да ги замени висококвалификуваните работници или да им овозможи на недоволно обучени работници да извршуваат сложени професии кои бараат знаење и искуство.

Оваа група, меѓутоа, со 55,4 отсто не претставува убедливо мнозинство.

Ifo секој месец анкетира илјадници домашни компании од сите сектори и големини, но прашалникот за замена на луѓе со вештачка интелигенција е испратен за првпат, па затоа нема споредливи податоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни