Опцијата на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе ги бојкотираат претседателските избори доколку заедно со нив не се одржат и парламентарни избори, ја изненади и Владата. Ова вчера го изјави во Клик Плус, вицепремиерот, Бујар Османи, и додаде дека ќе седнат и ќе разговараат за ова прашање.
Можниот бојкот на претседателските избори од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев го нарече груба злоупотреба за дневни политики. Меѓутоа од друга страна, не негираше дека постои таква опција. Според него, ВМРО-ДПМНЕ се уште не донела одлука за тоа, а додаде дека се ќе зависи од преземените чекори од страна на Владата.
Додека македонската опозиција ги очекува следните чекори на власта во врска со претседателските избори и можните предвремени парламентарни избори, Констадин Констадинов од СДСМ изјави дека “Наместо условувања со бојкотирање на избори Мицкоски нека се подготвува за пораз на следните избори какви и да се“. На 11 јануари, по изгласувањето на Уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ излезе со барање за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските. Освен ВМРО-ДПМНЕ, другите парламентарни партии изјавија дека предвремените парламентарни избори нема да бидат добри за процесот на евро атлантските интеграции на Македонија.
Репортер: Бесир Арифи
