Октомври донесе вознемирувачки бројки на заболени со Ковид-19. Според здравствените власти земјава ја чека уште полошо сценарио со Ковид-19. Состојбата во следниот период може да ескалира вели за РСЕ Милена Стевановиќ, директорка на Инфективна клиника.
Министерството за здравство во текот на денешниот ден апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот. Доколку трендот на зголемување на бројките продолжи, Комисијата за заразни болести на владата ќе и предложи нови мерки.
Вината за зголемениот број на позитивни случаи со корона вирус, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ја префрла на владата, велејќи дека Комисијата за заразни болести носи анти-ковид мерки кои му се од полза на премиерот Заев.
Од понеделник, Собранието ќе гласа за предложените мерки до сега, вклучувајќи го и задолжителното носење маски на отворено, ограничување на бројот на гости и забрана за собири по 22 часот. Инаку вкупниот бројот на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 23.201, а актуелниот број на активни случаи е 5.266.
.
