Дали знаевте дека Тијана Дапчевиќ била манекенка? – Овие фотографии од нејзината младост ќе ве изненадат

Распеана, духовита, смела, специфична – сите овие се синоними за пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ.

Со познатите албуми „Као да“, „Негатив“, „Zemlja mojih snova“, „Жолта минута“ таа ги освои симпатиите на регионалната публика, која се уште е горда на Тијана, бидејќи остана верна на мелодиите кои ги освојуваат сите генерации.

Но, дали сте знаеле дека токму Тијана била манекенка?

Таа на својот Инстаграм профил објави фотографии од минатото.

„Тоа кога го средуваш плакарот па ќе најдеш стари фотографии. На правата фотографија имам едвај 18 години, тогаш бев манекенка, како и на другата фотографија (од истата ревија). Третата е од познатиот „Макфест“ фестивал на забавна музика, тогаш веќе бев голема и пеев. На четвртата фотографија сум заљубена во Милан и го гледам „како теле во шарена врата“. На последната фотографија сум веќе во Белград и и го крадам микрофонот на Леонтина. Ништо не се променило, исто како да не поминале толку години… Јас сум и понатаму млада и спремна за нови предизвици… кој знае, можеби утре повторно ќе бидам манекенка“, напиша таа.