„Важно е да се обидеме да формираме кабинет со првиот мандат“
Ова го порача копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов на консултациите со претседателот Румен Радев за формирање на нова влада во рамките на 47. Народно собрание.
На средбата учествуваа и другите двајца копретседавачи на коалицијата, Атанас Атанасов и Владислав Панев, а мандатот ќе биде предаден на партијата на Кирил Петков „Продолжуваме со промената“
Претседателот посочи дека луѓето очекуваат политичарите да вложат напори за решавање на кризите, од кои едната е политичка. Тој ја поздрави конзистентната политика на ДБ за судските реформи.
Христо Иванов одговори дека консултациите се токму антикризна мерка, бидејќи целта на Уставот е да се избере влада и да се спречат предвремени избори.
„После толку предвремени избори, јасно е дека ова не може да биде лек. За нас кризата има и друг аспект – политичката класа, во која се е премногу лично. Се покажа дека е невозможно да се зборува за суштинските прашања. Се надевам дека на крајот, и покрај сите тешкотии, консултациите ќе се одвиваат смислено и со учество на сите“, додаде Христов.