Македонија

Дебата во„Клик плус“ за одливот на мозоци – „Заминувањето на младите во Европа стана тренд“

Бројот на младите кои заминале од земјава постојано расте, покажуваат резултатите од најновиот Извештај на Светска банка. Претседателите на Младинските форуми на албанските партии, во синоќешното издание на „Клик Плус“, дебатираа за овој феномен, кој секојдневно ја „празни“ државата и предизвикува дефицит на работна сила. Претседателот на Младинскиот форум на Беса, обвини дека младите бегаат во странство поради деструктивните политики кои ги води ДУИ веќе 20 години.

Но, со неговиот став не се согласува Авни Рустеми од ДУИ, кој рече дека младите заминуваат за да стекнат нови искуства во животот.

Омер Ајдини од Младинскиот форум на Алијанса за Албанците, вели дека сите одат во потрага по подобар живот, вклучувајќи се и себеси. Како што раскажува, заминал за подобар живот, но по 4 месеци повторно се вратил.

Ниметула Демири пак, од Младинскиот форум на ДПА, со став дека сите треба да придонесат за унапредување и назначување на младите на позиции низ институции.

Според најновиот извештај на Светската банка, „Миграцијата и одливот на мозоци во Европа и Централна Азија“, четвртина Македонци родени во земјата, односно 25,7 отсто, сега живеат надвор од неа. Од Северна Македонија емигрирале речиси 40% од граѓаните со високо образование. По бројот на иселеници Македонија е четврта, а прва е Босна и Херцеговина, од која е иселена половина од населението родено во неа (49,5%).

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни