Дејан Георгиевски со историски успех – во Бутел организирано се навиваше

Историски успех на Дејан Георгиевски.

Тој освои сребрен медал вчера на Олимписките игри во Токио во теквондо.

Инаку, ова е најголем успех во индивидуален спорт од независноста на Македонија.

Георгиевски во финалето во категоријата над 80 килограми беше поразен со 15:9 на поени од Русинот Владислав Ларин, а на патот до финалето, Георгиевски го совлада Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.

Претходно Георгиевски во четвртфиналето го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4.

Инаку, во Бутел, во холот на основното училиште Свети Климент Охридски имаше поставено видео бим, преку кои семејството, пријателите, клупските колеги, соседи, заеднички ја следеа финалната пресметка на Дејан Георгиевски во Токио.

Сите навиваа и посакуваа да биде златен медал, но на крајот го освои среброто.

Сепак, за Македонија ова сребро сјае како злато, бидејќи ова е најголемиот успех на македонски спортист во последните дваесет години.