Дел од менаџерите ги продадоа акциите од „Македонијатурист“, „Скопски пазар“ стана најголем акционер

Низата мултимилионски блок трансакции со акциите на „Македонијатурист“ во изминативе денови донесоа големи промени во сопственичката структура на компанијата, пишува Блумберг Адриа.

„Скопски пазар“ купи дополнителни 7.936 акција и поседува 86.166 акции односно 19,05 проценти од вкупниот број обични акции издадени од „Македонијатурист“, со што стана најголем поединечен акционер во компанијата. Ново име меѓу поголемите акционери е „Чезакомерц“, која стана сопственик на 28.102 акции односно 6,21 проценти од вкупниот број обични акции.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното