Свет

Дел од воз излета од шините и се запали во американската држава Мејн, има повредени

Дел од воз излета од шините и се запали во американската држава Мејн, има повредени

Дел од воз кој превезувал опасни материи излета од шините и се запали во областа Роквуд, во американската сојузна држава Мејн, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на претставници на противпожарните служби. Тројца железничари се повредени.

Станува збор за товарен воз на канадската железничка компанија „Канадијан Пацифик“. Три локомотиви и шест вагони натоварени со дрва и електрични кабли излетале од шините во шумско место каде се запалиле. Во возот имало и вагони кои превезувале опасни материи, но тие не излетале од шините, соопшти Државната шумска служба на Мејн. Не постои ризик од истекување или запалување на опасни материи.

Причина за несреќата е слегнување на железничката пруга. Најверојатно е предизвикано од топење на мраз или камења кои паднале на шините.

Роквуд се наоѓа во северниот централен дел на државата, во претежно рурална област. Но, градот е во близина на езерото Мусхед, едно од најголемите слатководни езера во државата.

Излетувањето од шините е следниот во низата слични инциденти во земјава.

Федералните регулатори и членовите на Конгресот ги повикуваат железничките компании да направат повеќе за да спречат инциденти како што се излетувањата од шините со опасните хемикалии во Охајо и Минесота што предизвикаа евакуација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни