Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Делегација на Демократскиот сојуз ќе присуствува на отворањето на Македонскиот културен клуб во Бугарија

Делегација на Демократскиот сојуз ќе присуствува на отворањето на Македонскиот културен клуб во Бугарија

На 30 октомври (недела), делегација на Демократскиот сојуз ќе присуствува на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија.

Демократскиот сојуз смета дека отворањето на овој прв македонски културен клуб во Бугарија, ќе биде добра основа за негување на културните особености на Македонците, како и подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија.

Универзално демократско право претставува здружувањето, формирањето граѓански здруженија, културни центри, политички партии и други форми на меѓусебно поврзување, афирмирање на културните различности и меѓусебно почитување и разбирање.

Демократскиот сојуз очекува топол прием од граѓаните на Благоеврад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни