Свет
17,251,430
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
627
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
5,494
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
150,422
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15

Делта сојот регистриран во 124 земји

Бројот на земји и територии, во кои циркулира многу заразниот делта сој на коронавирусот, е зголемен за уште седум од 13 јули, па сега е регистриран во 124 земји, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Во претходните седум дена, уште 13 земји го информираа СЗО за присуство на делта мутацијата.

Експертите тврдат дека делта сојот брзо ќе се прошири и ќе ги засени другите варијанти, а потоа ќе стане доминантна мутација на Ковид-19 во следните години. СЗО е загрижен за ширењето на сите четири видови.

Алфа сојот, кој е откриен во Велика Британија во септември 2020 година, беше регистриран во 180 земји.

Бета сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, додека бразилскиот гама сој е откриен во 78 земји.