Македонија

Демократски сојуз: Како што Бугарите во Македонија можат да се здружуваат, и Македонците во Бугарија мора да ги имаат тие права

Демократски сојуз: Како што Бугарите во Македонија можат да се здружуваат, и Македонците во Бугарија мора да ги имаат тие права

Денес на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, присуствуваше делегација на Демократскиот сојуз во состав, Борче Јакимовски, Владо Кроневски, Јорданчо Теодосиев и Филип Антовски.   

Делегацијата даде јасна поддршка за признавање на правата на Македонците, при што имаше средба  со раководството и основачите на Македонскиот културен клуб. 

Како што Бугарите во Македонија можат да се здружуваат, да формираат клубови, политички партии, да ги негуваат нивните културни особености, тие права согласно меѓународните и европски конвенции мора да ги имаат и Македонците во Бугарија.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни