Демонстрантите не се откажуваат, го повикаа Иванов да го попречи процесот

Продолжуваат протестите пред Собранието на Македонија. Револтираните граѓани велат дека се продава македонскиот идентитет, па затоа го повикаа Претседателот Иванов да им се придружи во нивната битка. Јанко Банчев од „Единствена Македонија“, тврди дека и покрај изгласувањето на уставните измени, тие нема да се откажат од нивните ставови. Тој додава дека ќе ги искористат сите демократски средства за укинување на одлуките.

Владата ја нарекуваат нелегитимна, а измените противуставни.

Тие ќе продолжат да протестираат пред Собранието, како што велат, сѐ додека не заврши битката за обрана за државата. Последната врата за отфрлање на уставните измени велат дека е Претседателот Ѓорге Иванов, од кого побараа да се спротивстави на одлуките на Собранието.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21