По објавените написи во медиумите за наводното приведување на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, ТВ21 побара информација од МВР, од каде истакнуваат дека Дончев бил повикан во полициска станица Карпош каде му бил извршен разговор.
„Д.Д. беше поканет со покана за разговор во ПС Карпош и уредно се пријави сам. По извршениот разговор, си заминал“, велат од МВР за ТВ21.
Од Јавното обвинителство за ТВ21 информираат дека лицето било повикано да даде исказ по последните снимки кои беа објавени во јавноста.
„МВР во рамките на своите надлежности презема самостојно дејствија, лицето било повикано да даде исказ по последните снимки што беа објавени во јавноста. Доколку МВР утврди елементи на кривично дело по кои се постапува по службена должност, ќе достави соодветен поднесок до обвинителството по кој обвинителството ќе преземе понатамошни дејствија за расветлување на случајот“, посочуваат од ЈОРМ за ТВ21.
.