Денеска во Охрид е прогласен ден на жалост по повод ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски кој почина во саботата.
Советот на Општина Охрид вчера на вонредна седница одлучи сите културни, спортски и забавни настани да бидат откажани.
Со почеток во 10 часот во големата сала на општинската зграда ќе се одржи Комеморативна седница.
Погребот на градоначалникот Стојаноски ќе биде извршен денеска, а од 12 до 14 часот ќе бидат изложени посмртните останки на градските гробишта во Охрид.