Ден пред лондонскиот самит, амбасадорката на САД, Кејт Брнс, заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, пред студентите на Факултетот за безбедност, зборуваа за придобивките од членството во НАТО и за предизвиците на Алијансата.
Пендаровски рече дека времињата се сменети а исто така и предизвиците и опасностите на НАТО. Според Пендаровски, модерните предизвици на НАТО но и на другите земји се лажните вести и верскиот тероризам. Тој додаде дека земјите членки на НАТО и помогнале многу на РСМ во текот на референдумот со соочувањето со лажните вести.
И амбасадорката на САД, Кејт Брнс, ги спомна сајбер нападите и пропагандата со лажните вести, и додаде дека со здружување на силите, земјите членки на НАТО ќе излезат како победници против ваквите појави.
„70 години од основањето на НАТО, сега алијансата се соочува со разни предизвици и со една многу поинаква Европа. Предизвиците опфаќаат и закани кои доаѓаат од различни земји, а посебно од Русија за која сте сведоци дека напаѓа соседи и окупира територии. Таа Русија која се обиде да ги поткопа западните демократии преку сајбер напади и разни информатики кампањи“, истакна Кејт Барнс.
За полноправно членство на земјата во НАТО се очекува шпанскиот парламент да го ратификува протоколот за членство. Делегација од Северна Македонија предводена од премиерот ЗАев, за прв пат утре ќе седне на маса на самитот на НАТО во Лондон со меѓународните лидери по повод обележувањето на 70 годишнината од основањето на НАТО. По целосната ратификација од 29 земји членки, земјата ќе стане полноправна членка на НАТО, а потоа во Парламентот на РСМ треба да се ратификува конечниот договор за членство.