Живот

Денес е Преподобен Висарион

Денес е Преподобен Висарион

Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение.

Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи.

Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку до длабока старост живееше по шумите и долините. Исцелуваше болни и вршеше многубројни чуда заради полза на луѓето, а во слава на Бога. Се упокои мирно во 466 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни