Денес е тежок празник – овие работи никако не смеете да ги правите

Денес се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка.

Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.

Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка (македонски) односно Параскева (грчки),поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.