Живот

Денеска е Наоѓање на моштите на Св. маченици што пострадаа во Евгенија

Во времето на императорот Аркадиј (395-408), на некојси клирик Никола Краснописец Бог му го откри местото каде се наоѓаа моштите на неколкумина маченици. Тоа место се наоѓаше во градот Евгенија. Се претпоставува дека меѓу нив се и моштите на свети Андроник и Јунија, кои апостолот Павле ги спомнува во посланието до Римјаните. Од таа причина, царот Андроник Први во дванаесеттиот век, над моштите на овие маченици, подигна црква посветена на свети Андроник.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни