Живот

Денеска е Преподобен Пахомиј Велики

Свети Пахомиј по род беше Египќанец, а се роди во незнабожечко семејство. Во времето на Великиот Константин служеше во неговата војска. Некаде во тоа време тој поверува во Христа и набргу, желен за подвиг, отиде во Тиваидската пустина кај познатиот подвижник Паламон. Овој го прими и го учеше на подвижнички живот 10 години.

Во тоа време на Пахо¬миј му се јави ангел и му заповеди да подигне манастир, а му го даде и уставот на манастирот. Овој изгради многу келии, кои набргу се наполнија со монаси.

Подоцна свети Пахомиј изгради уште шест манастири и раководеше со духовниот живот на илјадници подвижници. На многумина им беше пример во смирението, трудољубивоста и воздржувањето. Се упокои на свои 74 години, во 348 години. Свети Пахомиј се смета за основач на општожителното монаштво.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни