Денеска е Св. апостол Акила

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јули.

По род Акила бил Евреин. Во првиот век живеел во Рим заедно со жена си Прискила.

Во времето на цезарот Клаудиј, како и сите останати Евреи, биле принудени да го напуштат градот, па се населуваат во Коринт.

Таму ќе се сретнат со апостолот Павле. Поверувале во проповедта за Христа и станале блиски соработници на апостолот Павле.

Тој неколку пати ги спомнува во своите посланија. Подоцна се враќаат во Рим, па заминуваат за Ефес…

Според преданието Акила, како еден од 70-те апостоли, го проповедал христијанството во многу краишта, а земниот живот го завршил маченички, убиен од незнабошците.