Живот

Денеска е Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јули.

Свети Атиноген беше епископ на ерменскиот град Пидахтон и живееше во еден манастир близу градот заедно со 10 свои ученици.

Во 311 година во Севастискиот округ беше испратен еден жесток мачител на христијаните, на име Филомарх, кој откако погуби многу христијани ги затвори и епископот Атиноген и неговите 10 ученици.

Овие не се исплашија од заканите на Филомарх, па беа погубени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни