Македонија

Денеска и утре пеколни температури, а викендов невреме во Македонија!

Денеска и утре пеколни температури, а викендов невреме во Македонија!

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи утре температурите на повеќе места ќе бидат над 35 целзиусови степени, а во југоисточните подрачја и
над 40 степени.

Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре од ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Температурите значително ќе се намалат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни