Македонија

Денеска и утре пеколни температури, попладне невреме низ Македонија – од среда пад на температурите

Денес и утре ќе се задржи многу топло време, во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени.

Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот.

Од денес до крајот на  периодот ќе има појава на локално невреме со интензивен пороен дожд, град и силен ветер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни