Првостепена пресуда денеска во Вишиот суд во Белград ќе им биде изречена на родителите на момчето кое на 3 мај минатата година изврши масовно злосторство врз учениците од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, каде што посетуваше и настава.
Судењето беше затворено за јавноста бидејќи жртвите на делото се малолетни, но изрекувањето на казната треба да биде јавно. Момчето К.К. уби девет ученици и еден обезбедувач, рани пет ученици и еден наставник.
Обвинителството побарало максимални казни за родителите, момчето не е обвинето бидејќи во моментот на делото имало помалку од 14 години и според законот не може да се гони, туку е испратено во психијатриска установа.
Одбраната смета дека обвинителот не ги докажал своите тврдења.
Обвинителството предложи неговиот татко Владимир Кецмановиќ да биде осуден на 14 години и 11 месеци затвор, наведувајќи дека го обучувал својот син да ракува со оружје, кое не го чувал во метален сеф со клуч, иако бил должен.
За неговата мајка Миљана Кецмановиќ обвинителството предложи пет ипол години затвор за недозволено поседување оружје и како доказ достави дека на чаурата е пронајдена нејзината ДНК.
Во тие казни обвинителството ја вклучи и предложената казна за запуштање и малтретирање на синот, за што дополнително беа обвинети во текот на судењето.
За Немања Маринковиќ, инструктор во стрелачкиот клуб каде момчето вежбало стрелање со татко му, обвинителството побарало три години затвор, обвинувајќи го за лажен исказ.
Поради масакрот во училиштето, во предлог-измената на Кривичниот законик, кој е на јавна расправа, се превиди ново кривично дело – обука на малолетници за употреба на воздушно оружје.
Ден по злосторството во училиштето, Урош Блажиќ уби девет лица и рани 12 лица кај Младеновац, во селата Мало Орашје и Дубона, за што неодамна беше осуден на првостепена казна затвор од 20 години, како максимална казна бидејќи во моментот на делото бил малолетник и немал 21 година.
