Денеска продолжува судењето за предметот „Монструм“

Денеска во Кривичниот суд, продолжува судењето за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро кое се случи на 12 април 2012 година.

Претходното рочиште беше на 25 октомври кога исказ даваа вештаци вработени во ДНК лабораторија при МВР кои кажаа дека во возилото „Опел Омега“ биле утврдени четири ДНК профили, меѓу кои едниот на обвинетиот Алил Демири.

Фатиме Фетаи побара од Судот да одговори до каде е екстрадицијата на Алил ДЕмири и Африм Исмаиловиќ кои наводно се наоѓаат на Косово.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Извор: ТВ21