Денеска врнежи од снег низ цела Македонија

Минусни температури и врнежи од снег ќе имаме денеска низ целата земја. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

„Облачно со пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица“, велат од УХМР.

Се вчитува...

Врнежите од снег ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.

Извор: ТВ21