Свет

Десетици илјади луѓе останаа без струја во Естонија поради снежното невреме

Десетици илјади луѓе останаа без струја во Естонија поради снежното невреме

Десетици илјади жители на Естонија останаа без струја поради снежното невреме, јави ДПА.

Околу 13.000 домаќинства утрово беа привремено без струја, соопшти националното електростопанство. Островите Саарема и Хиума на Балтичкото Море беа најтешко погодени, но без струја останаа и жителите во другите делови на балтичката земја.

https://twitter.com/es5nhc/status/1602291254288695296?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1602291254288695296%7Ctwgr%5Ea94972473de5a020a5c35d7060150e588e31cf98%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.24chasa.bg%2Fmezhdunarodni%2Farticle%2F13297651

Нарушен е копнениот, железничкиот, бродскиот и воздушниот транспорт, а имаше и откажувања на патувањата. Опремата за чистење работеше континуирано. Со оглед на условите за возење и временските прогнози, властите ги повикаа луѓето да не ги користат своите автомобили и доколку е можно да останат дома.

Метеоролозите најавуваат повеќе снежни бури во текот на денот со брзина на ветер од 15 до 21 метар во секунда во внатрешноста и до 26 метри во секунда на островите и брегот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни