Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски е готово, најдоцна до утре ќе биде доставено

Министерката за правда Рената Дескоска денеска соопшти дека барањето за екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски е веќе изготвено, и ќе биде доставено до унгарските власти најдоцна до утре.

„Барањето за екстрадиција на Груевски е веќе изготвено, и најдоцна до утре ќе биде испратено. Дел од материјалот е преведен, дел подоцна ќе се преведува и ќе се испраќа затоа што станува збор за многу материјал. Во барањето наведени се сите предмети, не само во случајот „Тенк“, туку и во другите во кои е обвинет“, рече Дескоска.

На прашање дали знае дека некои медиуми веќе шпекулираат дека Груевски добил азил, односно унгарските власти позитивно одговориле на барањето, Дескоска со став:

„Не знам за такво нешто, прв пат слушам. Обично знам дека на одговор за барањата на азил се чека по неколку месеци, освен ова ако не е некој изолиран случај. Што и да се случи, ние ќе го доставиме барањето за екстрадиција на Груевски“, додаде Дескоска.

Извор: ТВ21