Поврзи се

4NEWS.mk

Дескоска на судиите им укажа на основите за нестручно и несовесно вршење на функцијата

Published

on

 

-Текстот продолжува по рекламата-

Министерката за правда Рената Дескоска испрати циркуларно писмо до сите претседатели на судовите и до претседателот на Судскиот совет на Република Македонија во кое укажува на измените и дополнувањата на Законот за судовите од април годинава, со посебен фокус на основите за нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Како што соопшти Министерството за правда како основа за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, се предвидени случаите кога судијата без оправдани причини не ги закажува рочиштата во предметите кои му се доделени или на друг начин ја одолговлекува судската постапка.

– Друг основ за утврдување одговорност е доколку судијата не го земе предметот во работа заради што настанува застареност на кривично гонење или застареност на извршување на кривична санкција за кривичното дело, се наведува во соопштението.

Понатаму, во писмото Дескоска укажува на тоа дека доколку претседател на Суд „не го извести Судскиот совет за сторена потешка дисциплинска повреда на законот од членовите 75, 76 и 77, од страна на судијата – доколку настанувањето на повредата му била позната, а непријавувањето е заради прикривање на истата, тогаш тоа е основ за поведување на постапка за разрешување од функцијата претседател“.

Во писмото од министерката се укажува и на обврските во член 17 од Судскиот деловник, според кој претседателите на судовите имаат надлежност да вршат редовен увид во работата на судот, се нагласува во соопштението на Министерството за правда. 

Извор: Сител телевизија

Реклама
4NEWS.mk

Вечерва внимавајте на овие патни правци: Снег паѓа без престан во овие градови низ земјава!

Македонија

Јовановски: Дали јас сум добивал подароци од Камчеви? Рускоска: Поголеми подароци од 1,5 милиони евра јас не знам

4NEWS.mk

Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000

4NEWS.mk

Дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта?

4NEWS.mk

Шверцери во документарецот го споменуваат и Саздо: „Нека знаат со кој си имаат работа“

4NEWS.mk

Овие четири хороскопски знаци важат за најдобри сопруги, а мажите кои се во брак со нив се вистински среќници

Македонија

Снегот пристигна и во Македонија – Зимска идила во Нижеполе (ФОТО)

Македонија

ТВ21 АНКЕТА: Еве од услугите на која банка најмногу се задоволни корисниците

4NEWS.mk

Скопјанец прободен со нож и оставен на улица

4NEWS.mk

Застрелан познат црногорски бизнисмен во Белград: Тргувал со оружје и имал силни политички врски

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com