Свет

Детали за експлозијата на автогас во Романија: Станицата му припаѓала на синот на градоначалникот?

Детали за експлозијата на автогас во Романија: Станицата му припаѓала на синот на градоначалникот?

Најмалку едно лице загина, а неколку десетици се повредени во две последователни експлозии на бензинска пумпа со течен нафтен гас – автогас (ТНГ) недалеку од Букурешт, јавуваат во неделата агенциите.

Во експлозии во саботата вечерта во селото Креведија, 20 километри северозападно од Букурешт, повредени се 57 лица, соопшти во неделата наутро Министерството за надворешни работи.

Засега единствената жртва починала од срцев удар, а не од изгореници, појаснуваат од министерството. Меѓу повредените има 39 пожарникари, двајца полицајци и двајца припадници на жандармеријата.

Пожарот што следеше по двете експлозии беше изгаснат во текот на ноќта.

Романскиот претседател Клаус Јоханис повика на истрага за експлозиите на станицата за ТНГ во Креведиј.

Засега не е позната причината за експлозиите, а главниот државен правобранител отворил истрага. Поради разорните експлозии, околу 3.000 луѓе беа евакуирани од областа.

ТНГ станицата која во саботата експлодираше и предизвика 46 жртви во Креведија кај Букурешт, меѓу кои 26 пожарникари, му припаѓа на синот на градоначалникот на општина Каракала, Јон Долдуреи, пренесува романскиот портал Диги24.ро.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни