Балкан

Дете од 12 години исчезна во Србија

Дете од 12 години исчезна во Србија

Во Србија исчезна 12 годишно момче по име Илија Матиќ.

Татко му за српските медиуми истакнал дека момчето исчезнало синоќа и дека го барале во текот на ноќта во Земун поле.

„Не сум го видел од прексиноќа. Вчера наутро го видела неговата сопруга, го спремила и го испратила на училиште. После тоа повеќе не се јави“ – рекол загрижениот татко.

Тој потврди дека Илија и претходно бегал од дома, но дека овојпат не е сигурен дека е така.

„Веќе не сум сигурен што да мислам“ – рече тој.

Како што неофицијално било потврдено, момчето синоќа било пријавено за исчезнато, полицијата е на терен и го бара цела ноќ, но од него се уште нема ни трага ни глас.

Момчето е слабо, има кратка кафена коса и кафени очи и е ученик во шесто одделение во основно училиште.

Илија синоќа носел сиви патики „Најк“ со црвено лого, црна и тегет тренерка, јакна со зелени флуоресцентни точки и сив ранец, вели таткото на момчето.

Мештаните се организираа и беа на улица во потрага по него. Меѓу нив имало и други ученици од училиштето во кое оди Илија, нивни родители и наставници, како и соседи.

Момчето наводно било видено синоќа околу 21 часот и 30 минути на „нивот“ во Земун поле, со постари момчиња. Како што велат мештаните, ова „не е прв пат момчето да бега од дома“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни