Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на вчерашната вечер, а од болницата информираат дека детето е во стабилна состојба.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека на 19 август околу 22:28 часот добиле пријава од Општа болница Куманово дека кај нив било донесено мало дете кое испило бензин.
Од кумановската болница појаснуваат дека станува збор за 16-месечно дете со интоксикација од бензин.
– Станува збор за интоксикација со бензин на дете старо 16 месеци. Транспортирано е на клиника, во стабилна состојба, вчеравечер околу 22 часот, велат од болницата.
По укажаната медицинска помош, детето било транспортирано на клиника за понатамошно следење и третман.
Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.