Детето на кое му падна дрво и го усмрти имало само 2 години! Страшни детали за трагедијата во Истра!

Денеска се случи трагедија во Истра кога дрво паднало врз дете и го усмртило.

Како што неофицијално дознава хрватскиот портал 24сата, станува збор за двегодишно дете. Починало во амбулантното возило на пат кон болница. Полицијата вели дека нема да дава повеќе детали, со оглед на тоа дека станува збор за несреќа.

За потсетување, детето е усмртено недалеку од градот Кршикла во Истра, соопшти истарската полиција. Полицијата добила пријава за трагичниот настан околу 20 часот во саботата.

„Во овој момент можам само да изразам сочувство за големата трагедија“, кратко изјави градоначалничката на Пазин, Сузана Јашиќ.

Според досегашните информации, дрвото паднало од издигнатото земјиште на патот и го повредило детето.

Детето починало од повредите. Полициските службеници, во соработка со надлежниот окружен државен обвинител, спроведуваат кривична истрага и ги утврдуваат сите околности на настанот.