Деца во близина на Сараево малтретирале куче – му ставиле снус во уста, луѓето биле згрозени

ВИДЕО од момче кое малтретира куче во Бјелашница, Босна и Херцеговина, со насилно внесување на опасниот тутунски производ снус во устата, ја згрози јавноста, пренесува Klix.ba.

На видеото се гледа како момче во стан во Бјелашница насилно му става снус во уста на куче, а на крајот е прикажана фотографија на која се гледа како кучето повраќа. Цело време момчињата се смеат додека го малтретираат невиното животно.

Се огласија и здруженијата за заштита на животните
Во оваа прилика соопштија од Здружението за заштита на животните „Пантер“ од кое велат дека ги собрале сите потребни информации за овој случај и дека се вмешани 12-годишниците.

„Ги собравме сите потребни информации за злоупотреба на куче во Бјелашница, се работи за малолетници помлади од 12 години и голем пропуст, за тоа кој им продавал „снус“ на децата, а и зошто децата се без надзор во станот.Не сакаме да објавуваме подетални информации бидејќи се работи за малолетници“, напишаа тие.

Тие додаваат дека децата биле соодветно казнети од нивните родители.

Ни ветија дека ова нема да се повтори и дека се големи љубители на животни и дека не знаат како се случило ова“, пишуваат од Здружението.

За случајот се огласи и премиерот на кантонот Сараево
За ситуацијата коментираше и премиерот на кантонот Сараево Нихад Ук.

„Страшното малтретирање на куче во Бјелашница не смее да помине неказнето. Побарав од Кантоналната управа за инспекциски работи да преземе мерки од нивна надлежност. Со брза реакција е оформен случај, а во соработка со полициската управа, сторителите ќе бидат санкционирано“, изјави Ук.

Министерството за внатрешни работи на кантонот соопшти дека започнало истрага за овој случај.