Македонија

Просечната нето-плата во септември достигна 49.141 денар

Просечната нето-плата во септември достигна 49.141 денар

Просечната исплатена нето-плата во Македонија во септември 2026 година се приближи до границата од 50.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Месечниот износ по вработен достигнал 49.141 денар, што претставува номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто.

Од Државниот завод за статистика посочуваат дека растот на просечната плата на годишно ниво најмногу се должи на зголемувањето на исплатите во неколку сектори.

Најголем годишен раст е забележан во секторот снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, каде платите се зголемиле за 11,6 отсто. Следуваат административните и помошните услужни дејности со раст од 10,6 отсто, како и трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли, со зголемување од 10 отсто.

На месечно ниво, најизразен раст на нето-платите има во рударството и вадењето камен, каде е забележано зголемување од 6 отсто. Во преработувачката индустрија платите пораснале за 3 отсто, а во јавната управа, одбраната и задолжителното социјално осигурување за 2,5 отсто.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни