Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ откри како комуницира со нејзините наследници Лука и Леон.
„Секојдневниот живот на Лука и Лоен е проткаен со повеќејазичност. Зборувам англиски со Бастијан, но зборувам со деца на сите јазици – српски, германски и англиски, а понекогаш вклучуваме и шпански. Додека најчесто зборувам српски со моите деца, Бастијан им се обраќа на германски јазик. Лука, мојот постар син, веќе ги зборува течно сите три јазици, а Леон е се уште млад за да зборува – рече Ана за Стори, нагласувајќи ја важноста на семејните и меѓучовечките односи:
Таа вели дека семејството е најубавиот тимски спорт во светот и нејзината најголема желба е најблиските да бидат среќни.
„Би сакала да видам повеќе љубов не само за нас, туку и за целиот свет. Многу луѓе ги оценуваат другите, подготвени се да им судат, иако сите ги поминуваме овие тешки времиња. Би сакала луѓето повеќе да се поддржуваат, особено жените да бидат такви кон другите жени“ – вели Ивановиќ.
Таа откри како ги балансира приватните и деловните обврски.
„Во почетокот, кога момчињата спиеја само неколку часа дневно, бев многу уморна. Потоа стана подобро и подобро. Имав среќа да имам кариера пред да дојде моето семејство. Сега можам да кажам дека сум зафатена мајка и понекогаш е тешко да се најде рамнотежа, но моите деца се уште се на прво место, а потоа кога работам, го нарекувам време за себе – објасни Ана, која тврди дека таа завршила со тенисот во секоја смисла.
„Многу сум благодарна за кариерата што ја имав. Постигнав многу од она за што некогаш сонував. Сепак, денес имам поинаков фокус. Сакам да продолжам да работам и имам неколку кампањи. И, се разбира, имам намера да поминувам многу време со децата“ – заклучи таа.
