Децата со пречки во развојот или со посебни потреби можат да бидат ослободени од носење маски во училиште

Попладнево заседаваше Владата и донесе мерки поврзани со превенција и заштита на населението од коронавирус.

Владата денеска донесе измени и дополнувања на Протоколот за реализација на воспитно образовниот процес и донесе заклучок дека децата со посебни потреби или со пречки во развојот, можат да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата доколку приложат лекарска потврда за нивната состојба.

Оваа мерка стапува на сила откако ќе биде објавена во Службен весник.