Дев Пател со искрена исповед – вели по „Сиромашниот милионер“ бил како јастог во тенџере

Една од најпознатите ѕвезди во „Сиромашниот милионер“, Дев Пател во изјава за „Тајмс“ си ја отвори душата околу времето во неговиот живот кога се чувствувал дека бил „зграбчен“ од светската слава, благодарение на неговата улога во оскаровскиот филм „Сиромашниот милионер“.

Тој вели дека бил „јастог фрлен во тенџере кое што врие“

„Беше необично во секој поглед. Буквално „бев извлечен“ од мојата соба на ул. „Рајнерс лејн“ во северозападен Лондон. Патував насекаде со воз и потоа одеднаш се најдов на насловниците… И, во еден миг, секоја глава во купето, една по една, како кокошки, почна да се врти и да зјапа во мене. Беше лудо искуство… Се чувствувам така и денес, на некој начин. Детето од „Рајнер лејн“ сѐ уште е дел од мене!“, истакна Пател, кој тогаш имал едвај 18 години.

Инаку, филмот е од 2008 година и е добитник на дури осум „Оскари“ меѓу коишто и за режија, прилагодено сценарио и најдобар филм.

Актерот Пател оваа година е актуелен и со авантурата „Зелениот витез“.