Деветгодишнo девојче избркало крадец кој ја нападнал нејзината мајка

Деветгодишно девојче доби медал за храброст бидејќи избрка крадец кој ја нападна неа и нејзината мајка пред супермаркет на Флорида.

Полицијата на Вест Палм Бич била толку воодушевена од потегот на малата Џурни Нелсон што и била врачена значка на храброст.

Уличните камери ја снимија Даниел како оди кон автомобилот на паркингот со својата ќерка. Дваесет и деветгодишниот Деметриус Џексон стоел во нивна близина и одеднаш се стрчал кон Даниел, која ставала намирници во багажникот.

Во моментот кога ја соборил на земја, малата Џурни скокнала да помогне и почнала да го удира.

Тогаш Даниел ја ослободила чантата од раце, а напаѓачот почнал да бега. Сепак, малата Џурни не можела да го дозволи тоа, па тргнала во потера.

„Таа почна да го брка, а јас тргнав по неа“, рекла нејзината мајка.

Иако успеал да побегне, полицијата подоцна го фатила.

„Не би препорачал вака да се судрите со напаѓачот, но ситуацијата лесно излегува од контрола во вакви моменти. Мислам дека не очекуваше да биде удрен во лице, а од видеото би рекол дека тоа не беше лесен удар“, изјави началникот на полицијата во Вест Палм Бич, Френк Адерли, кој го врачи медалот на малото девојче.