Ана Белисарио (20) почина на 5 февруари минатата година во болницата „Сан Рафаеле“ во Италија, откако доживеала анафилактичен шок додека вечерала со своето момче во ресторан за брза храна во Милано на 26 јануари.
Покрената е истрага за смртта на 20-годишната девојка, бидејќи Ана била алергична на млечни производи, а и бил послужен десерт од тирамису кој бил направен со млеко, иако бил прогласен за веган.
Secondo la procura di Milano, le tracce di latte presenti nel prodotto sono risultate fatali per Anna Bellisario https://t.co/xSt37ORuf5
— Open (@Open_gol) January 15, 2024
Две жени кои водеа слаткарница и беа одговорни за снабдување на ресторанот со десерти се под истрага за убиство од небрежност. Прелиминарната истрага сугерира дека осомничените ја измешале фактурата за вегански слатки со десерти што содржеле млеко, што резултирало со фатален исход за младата жена, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Во извештајот од истрагата се тврди дека компанијата не спречила мешање на две производни линии во лабораториската слаткарница, која во тоа време снабдувала 63 италијански ресторани со веганскиот производ Тирамису.
Во реконструкцијата, која беше направена во понеделникот, речиси една година по смртта на Ана, обвинителите тврдат дека не се почитувало одвојувањето на состојките и дека персоналот не добил соодветна обука, освен четиричасовен курс.