Тинејџерката Евелина Фабиански (18) од Флорида била лута на своето поранешно момче и сакала да му се одмазди, па да му го ишарала автомобилот. Но, својот бес го истурила врз погрешен автомобил.
Полицијата ја фатила како со жолт спреј пишува по возило за кое мислела дека му припаѓа на нејзиниот поранешен дечко. Меѓу другото, на автомобилот напишала и зборот „devil“ (ѓавол).
Сепак, возилото всушност му припаѓало на соседот Џонатан Едвардс. „Кога беше испрашана, 18-годишната девојка признала дека била лута на поранешниот дечко, па заедно со нејзината пријателка одлучиле да испишат графити со спреј и да фрлаат јајца врз автомобилот за кој мислеле дека е негов“, објави Шерифската канцеларија на округот Волусија во изјава на Facebook.
„За жал, возилото всушност му припаѓало на соседот, а не на нејзиниот поранешен дечко“, појаснија надлежните.
Фабиански е обвинета за намерно оштетување на туѓа сопственост, поттикнување малолетници на деликвенција, поседување алкохол под 21 година и возење под дејство на алкохол.
Снимка од телесната камера (bodycam) на полициски службеник, објавена од локалниот портал FOX35, прикажува како полицаецот им вели на тинејџерките дека се „ужасно лоши“ во прикривањето на трагите. „Навистина треба да се потрудите ако сакате да бидете дискретни, затоа што сте ужасни“, им рекол полицаецот на снимката. „Со спрејот обојивте погрешен автомобил!“
Сопственикот на возилото морал да го отстрани спрејот од својот црн автомобил и изјавил дека тинејџерките одбрале „совршена боја“ која многу се истакнувала.
„Имаш 18 години. Нема никаква смисла да си го уништиш животот вака рано поради некое момче. Тоа воопшто не е логично“, ѝ порачал полицаецот на тинејџерката.