Џафери го пречека колегата од Албанија, Ручи: Македонија да го почитува законот за јазиците

По вторпат, претседателот на Собранието Талат Џафери постави црвен тепих за да го пречека својот колега од Албанија, Грамоз Ручи. На средбата, Ручи рече дека Преспанскиот договор ѝ го отвора патот на Македонија кон членство во НАТО и ЕУ.

„На претседателот на Собранието и делегацијата што го придружуваше, им ја гарантирав целосната поддршка на Албанија за членство на Македонија во НАТО“, изјави Грамоз Ручи, претседател на Собранието на Албанија.

Се вчитува...

Џафери пак, осврнувајќи се на процесот на уставните измени, рече дека се во завршна фаза. Тој додаде дека според прогнозите,  до 15-ти јануари би требало да заврши процесот на усвојување.

„Од утре па натаму, околу 17 декември е предвидено да се свика Уставната комисија, на која ќе бидат разгледани текстовите на можните амандмани и со тоа до 15-ти јануари, според нашите проценки, ќе биде затворено усвојувањето на амандманите, а со тоа ќе се затвори и спроведувањето на Договорот од Преспа и ќе започнат да течат роковите за обратното делување во Парламентот на Република Грција“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието на Македонија.

Ручи, го спомна и Законот за албанскиот јазик и разговорот кој ќе го оствари со Претседателот Ѓорге Иванов.

„Секако дека ќе го информирам за напорите на албанскиот Парламент и за политиките на Албанија, за македонското национално малцинство во Преспа да има современ закон, во рамките на стандардите на ЕУ. Со сигурност ќе барам и албанското население во Македонија, да ужива во него. Како што реков, го поздравив законот и би ги охрабрил сите претставници на државните институции во Македонија да се согласат и да дадат институционален придонес за неговото реализирање“, додаде Ручи.

Двајцата соговорници беа едногласни дека оваа официјална посета е продолжение на одличната соработка меѓу Собранијата на Македонија и Албанија, охрабрувајќи ги парламентарните групи за соработка и интензивирање на меѓусебните односи.

 Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21