Техничкиот премиер Талат Џафери денеска во изјава за медиумите, прашан за можната кандидатура на лидерот на ДУИ, Али Ахмети на претседателските избори, истакна дека Ахмети не би прифатил.
„Господинот Ахмети има мисија, а не е претендент за функција колку што знам. Мислам дека нема да прифати да биде тоа. Неговата мисија е Европа, Европската Унија и си работи на таа мисија. Не мислам дека му е приоритет натпреватување по однос на носењето на која било функција. Да сакал функција можел да има има која било функција во овие 22 години“, изјави Џафери.