На денешното обраќање на пртседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека не чувствува одговорност за потпишувањето на Законот и праќањето во Службен весник, дека тоа е негова уставна надлежност.
„Јас не чувствувам никаква одговорност за тоа што сум го презел како претседател на Собранието во рамките на институцијата и во рамките на надлежностите кои се дадени со уставот. Му дадов доволно време на претседателот за двата указа, за Законот за Јазици имаше време од една година и Законот за ратификација на Договорот од Преспа имаш 6 месеци, меѓутоа тој не го исполни своето уставно право, својата уставна надлежност така да јас го презедов тоа што е во рамките на мојата иституционална наделжност“
