Џафери објаснува колку пратениците имаат право на апанажа

Талат Џафери вечерва во емисијата „Клик Плус“ објаснува на кој пратеник колку го следува апанажа.

Се вчитува...

„И тој дел беше изменет. Апанажата се добиваше година дена, и еден ден да поминеш во Собранието. Го изменивме законот. До две години еден пратеник може максимум да има шест месеци апанажа. Во првите шест месеци нема право на апанажа. Од шест месеци до една година има три месеци. Има во законот, и е регулирано. Две години и еден ден мандат на пратеник, му следува една година апанажа“, рече Џафери.

.

Извор: ТВ21