Изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, според здружение од Битола е нелегитимно, и затоа тие поднеле кривична пријава против него. Џафери беше повикан во Обвинителството за организиран криминал за да даде исказ во врска со овој случај.
„Како секој граѓанин на Македонија, Талат Џафери беше поканет во обвинителство. Јас ја завршив мојата должност кон одредената институција за прашањата за кои бев поканет. Немаат што да бараат, но што и да бараат, тоа е постапка“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.
Истрагата е отворена по повеќе од една година од барањето, од причина што досега Обвинителството не можеше да ја комплетира документацијата. Го чекаше записникот од седницата на 27-ми април, што треба да биде усвоен и на пленарна седница. Но, бидејќи записникот година и пол не е ставен на дневен ред, истрагата е почната и без него.
По претседателот на Собранието, за да даде исказ дојде и пратеникот Горан Мисовски, кој рече дека изборот на Џафери е легитимно и дека на 27 април се почитуваше волјата на 61 пратеника.
Пред 10 дена за овој случај, сведочеше и пратеникот Ферид Мухиќ. Тој како највозрасен пратеник во Собрание, на 27 април минатата година, претседаваше со седницата во која Џафери со 61 гласа ЗА беше избран за Претседател на Собранието на Македонија.
Репортер: Зимер Јашари
